| четврток, 6 декември 2018 |

И Скопје доби мост на љубовта: „Мостот на револуцијата“ преплавен со катанци и љубовни пораки

Како и повеќето европски метрополи, и скопјани добија Мост на љубовта. На мостот кај МАНУ, кој го носи името Мост на револуцијата, се поголем број млади двојки својата љубов ја одбележуваат со заклучување на катанец на оградата од мостот. Така, на едната страна, на средината на мостот, може да се забележат поголем број закачени катанци, а повеќето од нив се изгравирани со имиња, срциња или датум.

Корените на овој обичај на закачување катанци датира многу одамна и прв пат се појавил во Кина, а денес е проширено во целиот свет. Потеклото на овие катанци и нивните бескрајни љубовни пораки е таинствено.

Фото: Убавина и здравје

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top