Во надворешните делови на џиновските планети Јупитер и Сатурн има преголемо количество на дијаманти. Кон јадрото, температурите се толку високи што дијамантите се топат во капки, велат научниците.
Парчиња од дијаманти лебдат во течна состојба на водородот и хелиумот длабоко во атмосферата на двете планети. На некои делови на Сатурн дијамантите ги има во толкави размери Што може да се наречат и дијамантски брегови, објавиле научниците од Универзитетот Висконсин-Медисон во информацијата, која била пренесена од сајтот „Спејс“!!
Во научната јавност е познато дека дијамантите во цврста состојба можат да постојат во релативно студените јадра на Нептун и Уран, но дека за Јупитер и Сатурн се сметало дека се преголеми за да дојде до нивно формирање.
Дијамантите на Сатурн и Јупитер потекнуваат од помалку вредниот материјал – од гасот на метан, кој го има во атмосферата на двете најголеми планети од Сончевиот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.