| четврток, 6 декември 2018 |

Базар на уметнички дизајн за крајот на „Скопје креатива“

Во  Универзалната сала – Скопје, утре ќе се одржи единствениот БАЗАР на уметнички дизајн, на кој ќе бидат изложени најразлични модни додатоци, накит, беџови, магнети, дизајнирани од македонски креатици. Базарот во рамките на „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ се организира во соработка со МАТА и ќе биде отворен за сите посетители до 22 часот вечерта.

Скопје креатива (2)

Годинешната фестивалска програма, ќе биде официјално затворена со изложба на производите кои се работеа во изминатите три дена на работилниците за: сликарство, рециклиран дизајн, анимиран филм, стрип, дизајн на велосипеди, како и изработката на новиот кириличен фонт, која ќе биде поставена во 22 часот.

Скопје креатива (3)

Претходно во рамките на фестивалот ќе биде изведена претставата „Градот убав“ во режија на Наташа Поплавска, која ќе биде изведена во 21 часот во големиот салон на Универзална сала, по што ќе следи забава на „Млади диџеи“ кои ја посетуваа работилницата на ДИЏЕЈ, Гето Руди.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top