Балкан Хандбал ги анализираше фан-страниците на клубовите од просторот на поранешната заедничка држава и констатира дека Металург, Вардар и Цеље, по тој редослед, се најдобри. При тоа, Балкан Хандбал констатира дека кај дел од екипите бројноста на фановите резултира и од припадност во големи спортски друштва, со секции за фудбал, кошарка, одбојка…
Редослед на Топ-10 екипи, според бројот на фанови на фејсбук:
01Mеталург 16669
02. Вардар 14297
03. Цеље П.Л. 13021
04. Загреб 6659
05. Борац Б.Л. 5259
06. Пелистер 4960
07. Mарибор 4879
08. Босна 4578
09. Горење 4309
10. Нексе 3978
Овие податоци се дадени со состојба забележана на 3 октомври. Иако поминаа само осум дена веќе има сериозни промени во бројноста на членството. Во овој момент, првите три клуба ја имаат следната бројност на фанови
1.Металург 18050 (+ 1381)
2.Вардар 15325 (+ 1028)
3.Цеље П.Л. 13061 (+ 40)
извор: rkmetalurg.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



