| четврток, 6 декември 2018 |

Опожареното тело во „Гранит“ е на професорот Рухи Бакиу

hotel-granit-740x555Судска медицина потврди дека професорот Рухи Бакиу е загинатиот во опожарениот хотел „Гранит“ на Попова Шапка. Со ДНК анализа е утврдено дека пронајдено тело е на Рухиу.
Професорот Бакиу не се појавил дома од понеделниокот, еден ден претходно откако беше пронајден изгорениот човечки труп.
ruhi bakiu1Од СВР Тетово велат дека целосно завршил увидот на Попова Шапка. Земени се повеќе примероци, а се вештачи и автомобилот на Бакиу, кој бил паркиран во ски центарот . Тоа може многу да и помогне на истрагата и да даде корисни информации во врска со тоа дали станува збор за несреќен случај или пак за убиство и палење на хотелот за да се сокријат трагите.
На почетокот на учебната година професорот за одредени албански медиуми изјавил дека некој сака да го убие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top