Отпочнаа работите за проширување на булеварот Трета македонска ударна бригада во скопската општина Аеродром.
Почетокот на работите го означија премиерот Никола Груевски, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски како и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.
Во обраќањето премиерот Груевски посочи дека е чест на овој ден, празникот 11 октомври што се почнува со работа зџа обновување на булеварот што го носи името на Третата македонска ударна бригада. Булеварот има големо значење за општината особено заради интензивните градења на станбени објекти. Само во четирите облакодери кои што се градат во непосредна близина се претпоставува дека ќе живеат нови меќу пет и шест илјади нови жители на општината, за што проширувањето на овој булевар има големо значење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


