Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и останатите од раководството на СДСМ го честитаа Денот на народното востание – 11. Октомври.
Заев на Фејсбук напиша: „Нека ни е честит и вековит 11ти Октомври – Денот на народното востание. Нашиот борбен дух за подобро утре, за посреќна Македонија и 72 години подоцна го носиме со себе. Ви посакувам убав празничен викенд!“
Оливер Спасовски од СДСМ, исто така, на социјалните мрежи го честита празникот: „Денеска се навршуваат 72 години од почетокот на антифашистичкото востание и почетокот на НОБ кога борците од Кумановскиот и Прилепскиот одред ја започнаа борбата против германскиот и бугарскиот окупатор и која заврши со победата над фашизмот во цела Македонија и насекаде низ светот. Среќен празник Куманово – граду првоборец. Нека ни е вечна Македонија!“
Празникот го честитаа и потпретседателите на СДСМ, Дамјан Манчевски и Радмила Шекеринска.
Шекеринска во честитката до граѓаните напиша: „За многу години 11ти Октомври – Денот на народното востание. Република Македонија секогаш била и ќе застане на вистинската страна. Пред 72 години на страната на ослободувањето и антифашизмот, а денес на страната на слободата, економската благосостојба и евроатлантската интеграција. Ви посакувам убав празничен ден и пријатен викенд!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


