| четврток, 6 декември 2018 |

Беџети: Нема одговор за Демири и Исмаиловиќ

bedzetiВо 2013 година има вкупно 87 предмети за лица кои се бараат во странски држави по потерници од Република Македонија. За 75 од нив направени се барања за екстрадиција и се пратени до странски држави, а за 12 сеуште се комплетира документацијата, но роковите се запазуваат и по комплетирањето ќе бидат поднесени барања за екстрадиција, вели во интервју за МИА министерот за правда Блерим Беџети.

– За Миле Хаџиски доставено е барање за екстрадиција до Република Франција, но официјален одговор ниту од Министерството за правда на Франција, ниту од амбасадата на Република Македонија во Париз, ниту од Министерството за внатрешни работи не е добиен. Доколку екстрадицијата биде дозволена со правосилна одлука, Министерството за правда веднаш ќе го организира спроводот, како што се прави со секоја екстрадиција- пренесува МИА.

За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ , како што истакна, побарана е екстрадиција од Република Косово со писмо од 15-ти мај годинава.

– Комплетна документација и за двајцата е доставена до Министерството за правда на Република Косово, но одговор од Косовските власти по ова барање до овој момент нема- додава министерот во интерјуто за МИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top