| четврток, 6 декември 2018 |

Изгореа десет пациенти и двајца работници

pozar japanВо пожарот во една јапонска болница во префектурата Фукуока, кој изби рано утрово, загинале осум пациенти и двајца работници.

На пожарникарите им беа потребни два часа да го стават оганот под контрола, кој се проширил во четири спратната болница околу 2,20 часот по локално време.

Пожарот почнал од одделението за ортопедија, во кој имало 17 пациенти, главно стари лица.

Еден сведок изјавил дека првиот спрат бил целиот во пламен, а гореле креветите. Раководителот на противпожарната служба изјавил дека гасењето на пожарот било отежнато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top