Германија ја повикува Украина да ја ослободи поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Доколку не го стори го ризикува потпишувањето на клучниот договор со Европската Унија, најави германскиот шеф на дипломатијата Гвидо Вестервеле по средбата со украинскиот претседател Виктор Јанукович во Киев. Тој изјави дека Киев треба да го реши проблемот со Тимошенко затоа што „ сака да ја види Украина на вистинскиот пат кон Европа“, пренесе Радио Слободна Европа.
Украинскиот министерство за надворешни работи соопшти дека властите се во потрага по решение. Тимошенко беше осудена на 7 години затвор во 2011 година поради договорот за гас со Русија од 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.