| четврток, 6 декември 2018 |

Момче избоде четири лица во Финска

Момче на 16-годишна возраст денеска прободе три ученички и еден вработен во Центарот за професионална обука во финскиот град Оулу.

Ученичките кои ги нападнал се на возраст од 20-тина години.

Полицијата соопшти дека четирите жртви имаат сериозни повреди, но не го наведе мотивот за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top