| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во француското собрание:Имитирал кокошка додека неговата колешка говорела

Инцидентите во Француското национално собрание се чести меѓу опозицијата и мнозинството, посебно меѓу опозициските пратеници и министрите, но очигледно дека последниот не беше по вкус ниту на левицата, ниту на десницата, бидејќи имаше сексистички карактер.

Пратеникот Филип Ле Ре од редовите на опозициската УМП имитирал кокошка додека говорела една од неговите колешки од редовите на Зелените Вероник Масоно. Поради делото кое го направил ќе му биде одземена една четвртина од пратеничкиот надоместок.

Додека Вероника говореше, таа во еден момент застана, ја прекина дискусијата и му се обрати на својот колега „Прекинете јас не сум кокошка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top