Во периодот од 12 до 19 октомври ќе се врши замена на старите семафорски контролери на неколку крстосници во градот.
-Пешачки премини на булеварот Партизански одреди (кај ТЦ „Лептокарија“, кај поранешните бараки на Општина Карпош кај улицата Манапо, кај улицата Аминта трети и кај пазарчето „Буњаковец“),
-Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и булеварот 8 Септември,
-Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Њу Делхиска (кај ВЕРО),
-Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Франклин Рузвелт,
-Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата 9 Мај,
-Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и крак на улицата Народен фронт (кај Цветниот пазар).
Градот Скопје апелира до до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека се врши замена на старите семафорски, бидејќи може да дојде до нарушување на координацијата на семафорите и на зелените бранови на булеварот Партизански одреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


