
Четвртиот мобилен оператор во Република Македонија, „Албафон“ соопшти дека в петок официјално почнува да работи.
За одбележување на почетокот со работа, „Албафон“ ќе подарува по 1.000 телефонски броеви во првите две продавници, кои ќе се отворат в петок.
Првиот продажен салон првпат во историјата на „Албафон“ ќе почне да работи во 9 часот, кој се наоѓа на вториот кат во Т.Ц. „Сити галери“ во Скопје. Вториот продажен салон на „Албафон“, кој се наоѓа на ул. Џон Кенеди, исто така ќе почне да работа в петок, во 11 часот.
Како дистрибутери на „Албафон“ се ангажирани неколку познати компании на оваа област, со што се овозможува компанијата „Албафон“ да биде поблиску и достапна до клиентите во целиот регион и континуирано да ја проширува својата.
Подготвени се низа дополнителни услуги, кои ќе нудат уникатни, а воедно ќе придонесат кон олеснување на комуникацијата. Тие услуги за кратко време ќе бидат присутни на пазарот, најавуваат од новиот оператор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


