
Турската полиција приведе 11 лица поради сомнение за трговија со дрога и заплени 346 килограми хероин во операција извршена истовремено во окрузите Истанбул и Хакари.
Операцијата била спроведена во соработка со турската разузнавачка служба МИТ.
Во акцијата во истанбулското предградие Силиври и во градот Јоксекова во округот Хакари се приведени вкупно 11 лица, меѓу кои двајца Македонци, еден Иранец и осуммина Турци.
Хероинот во Турција бил внесен од Иран, а дрогата требало да биде доставена до земјите во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


