Покрај што е познат по многубројните пејачки успеси, обожувателките го знаат Ашер и како пејач со секси изглед.
Триесет и четиригодишниот пејач призна дека вложил многу труд за да направи такво тело.
Овој период интензивно вежба и поради тоа што ќе заплива во актерските води со улогата на боксерот Шугар Реј Ленард.
– Тренирам секој ден, како сите спортисти. Не само за да се подготвам физички за улогата, туку и психички да бидам како него. Тој е неверојатен човек. Штом дознав дека ја добив улогата, отидов во сала, боксирав и се вратив дома со велосипед. Што се однесува до психичката состојба, јас сум личност што може да игнорира болки – изјави Ашер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура




