Само три икони од пронајдените 1.077 во Албанија се украдени од македонските цркви. Албанската полиција во опсежна акција во три стана најде преку 1.000 икони, делови од фрески и други вредни предмети кои биле наменети за продажба во странство. Тирана побара експертска помош од македонската полиција за класифицирање на одземените вредности.
Сите предмети се најдени во три стана, во Камза, Батор и во Тирана, а главни осомничени се Арбен Спахо (42), по потекло од Подградец, и Ѓерѓи Тими (51), по потекло од Корча, сега и двајцата жители на Тирана. И двајцата од претходно ѝ биле познати на полицијата за кражби на икони.
Македонија преку Интерпол бара 113 украдени икони. Најмногу икони се крадат од црквите во пограничниот дел на Охрид и Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска