| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас предизвикал инцидент на комеморација на жртвите од холокаустот во Ерусалим

samaras

 

Грчкиот премиер Андонис Самарас предизвикал инцидент за време на посетата на Израел кога одбил да стави кипа (мала капа со која Евреите го покриваат темето) на комеморација на жртвите од холокаустот во Меморијалниот центар „Јад Вашем“ во Ерусалим, јавуваат израелските медиуми.

Организаторите на церемонијата од Самарас побарале да ја почитува церемонијата и му понудиле да стави шапка наместо кипа, но тој и тоа го одбил и положил цвеќе гологлав.

Странските официјални лица што го посетуваат Израел ретко одбиваат да го покријат темето. Тоа го има направено турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во 2005 година и поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, кој, пак, прифатил да стави шапка.

 

Израелските власти биле изненадени од постапката на Самарас затоа што се смета за пријателски лидер кој води остра политика против неонацистите во Грција, како и против антисемитизмот и расизмот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top