| четврток, 6 декември 2018 |

Жив, а судот го смета за мртов

Човек од Охајо, кој е прогласен за мртов во 1994 година, ќе остане мртов пред законот бидејќи е одбиена неговата жалба на пресудата со која е прогласен за мртов.

Шеесет и едногодишниот Доналд Милер на судот му кажа дека во 1986 година исчезнал поради тоа што ја загубил работата, оставајќи ги сопругата и двете деца.

Осум години по исчезнувањето е прогласен за мртов.

Милер се вратил во Охајо во 2005 година, но не знаел дека е правно мртов. Законите во Охајо не доволуваат да се промени одлуката за прогласување на некого како мртов ако поминат три години.

Адвокатот на жената на Милер вели дека кога Доналд „умрел“, на неговата жена ѝ должел              25 илјади долари за алиментација, а откако е прогласен за мртов, таа почнала да зема социјална помош за да ги издржава децата.

Работата многу би се искомпликувала доколку судот го прогласел за жив, тогаш неговата сопруга би требало да го врати долгот на социјалните служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top