Либискиот премиер Али Зејдан е ослободен откако беше уапсен на неколку часа од група поранешни бунтовници, објави либискиот министер за надворешни работи, Мохамед Абделазиз.
– Зејдан е ослободен, но сѐ уште немаме детали за околностите околу неговото ослободување – истакна министерот.
Одделот за борба против криминалот при Министерството за внатрешни работи на Либија денеска соопшти дека премиерот Али Зејдан е приведен од групата Оперативен штаб на либиските револуционери во хотелот „Коринтија“, каде што се наоѓа неговиот кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.