| четврток, 6 декември 2018 |

Борис Дамовски: И ко­му чо­век да ве­ру­ва?

Ме пре­поз­на­ва­ат, јас низ Скоп­је имам ки­ло­ме­тра­жа кол­ку град­ски авто­бус – низ смеа ве­ли ре­жи­се­рот Бо­рис Да­мов­ски, кој јав­но­ста најм­но­гу го пре­поз­на­ва ка­ко автор на ани­ми­ра­ни­от са­ти­ри­чен филм „Ед­но­о­ки“. Раз­го­ва­рав­ме во не­го­ва­та кан­це­ла­ри­ја, ин­те­рес­на про­сто­ри­ја во ко­ја има не­ко­ја по­себ­на енер­ги­ја. Ста­ри­те ка­ме­ри и фо­то­а­па­ра­ти има­ат сво­ја при­каз­на. Љу­би­тел на фо­то­гра­фи­ја­та, љу­би­тел на ви­де­ос­ли­ка­та. Се по­тсе­ти на сво­и­те но­ви­нар­ски де­но­ви, ко­га ка­ко 18-го­диш­но мом­че ра­бо­тел за „Екран“…

Да­мов­ски отво­ре­но збо­ру­ва­ше за но­ќта ко­га бе­ше при­ве­ден во рам­ки­те на по­ли­ци­ска­та ак­ци­ја „Шпи­он“. При­пад­ни­ци на спе­ци­јал­на­та еди­ни­ца „Ти­гри“ влег­ле кај не­го до­ма, но, ка­ко што ве­ли, има­ле ко­ре­ктен од­нос со ог­ледна тоа де­ка има ма­ло­лет­но де­те. Сме­та де­ка кон­та­кти­те со лу­ѓе­то за кои се по­ве­де об­ви­не­ние се при­чи­на­та што и тој се нај­де на спи­со­кот на ли­ца што беа уап­се­ни таа ноќ… Со не­го раз­го­ва­рав­ме за ан­ти­кви­за­ци­ја­та, име­то, лу­стра­ци­ја­та, „Ед­но­о­ки“, са­ти­ри­чен филм во кој мно­гу­ми­на има­ле жел­ба да се по­ја­ват и пра­ве­ле сѐ са­мо нив­на­та ка­ри­ка­ту­ра да би­де дел од след­но­то из­да­ние на про­из­во­дот на „Кон­тра­бан­да“…За тоа Да­мов­ски ко­мен­ти­ра:

-Имав ур­ген­ци­ја од мој при­ја­тел за одре­де­на лич­ност да се по­ја­ви во „Ед­но­о­ки“.

Ед­наш ре­ко­вте де­ка ни­ту се­гаш­ни­от пре­ми­ер ни­ту кој би­ло друг по­ли­ти­чар не вли­ја­ел на по­го­ле­ма за­ста­пе­ностна ан­тич­ки идеи во Ва­ше­то се­мејс­тво, ту­ку де­ка тоа би­ла Ва­ша­та ба­ба?

 Да­мов­ски: Да, мо­ја­та ба­ба Ан­ге­ли­на ни ги рас­ка­жу­ва­ше ле­ген­ди­те за ца­ротАле­ксан­дар до­де­ка во учи­ли­ште нѐ пум­паа кол­ку умен бил Рекс, волч­ја­кот на Ти­то. И ко­му чо­век да ве­ру­ва? На на­став­ни­кот, кој среќ­но се раз­ве­зу­ва во „сто­кец“ ку­пен на га­га-кре­дит или на вну­ка­та на Пе­тар Да­мов Хри­стов – Гер­ман­че­то?

 Ка­ко ги ко­мен­ти­ра­те си­те тие што ја кри­ти­ку­ва­ат та­ка­на­ре­че­на­та ан­ти­кви­за­ци­ја, по­ја­ва во ко­ја по­крај ко­мит­ска­та и пар­ти­зан­ска­та исто­ри­ја се про­мо­ви­ра­ат и дру­ги вред­но­сти,ка­ра­кте­ри­стич­ни за ан­тич­ки­от пер­и­од?

 Да­мов­ски: Смеш­на, не­ин­вен­тив­на, очиг­лед­но „на­дри­ла­на“ да одра­бо­ти ту­ѓа иде­о­ло­ги­ја. Се­то тоа ку­тро пре­пел­ка­ње во се­бе­ со­до­ми­зи­ра­ње е та­жен обид да нѐ спа­ку­ва­ат во гло­ба­ли­за­тор­ска­та се­ед­ност кон на­ци­о­нал­но­ста, по­себ­но­ста. Зад тоа се крие по­тре­ба­та да нѐ вка­ла­пат со вред­но­сти што не му се бли­ски ни­ту својс­тве­ни на Ма­ке­до­не­цот. Та­ка фи­но спа­ку­ва­ни „ин­ди­ви­дуи“ им се по­треб­ни ка­ко дар на ол­та­рот на но­ви­от свет­ски по­ре­док, но тоа е ве­ќе дру­га при­каз­на.

 Ка­ко ре­а­ги­ра­те на му­а­бе­ти­те де­ка е мож­но ме­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Има ливо­оп­штоопас­ност да се сме­ни лич­ни­от и на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет на ед­на це­ла гру­пако­ја го соз­да­ва­ла со де­це­нии и со ве­ко­ви, но и на лич­ни­от иден­ти­тет на ни­за ге­не­ра­ции што се ра­ѓа­ле и уми­ра­ле ка­ко Ма­ке­дон­ци?

 Да­мов­ски: Тоа е те­за­та, ко­ја за­го­вор­ни­ци­те и под­др­жу­ва­чи­те на нуж­но­ста за про­ме­на на име­то на зем­ја­та се­срд­но ја тур­ка­ат. Над­вор ќе нѐ на­ре­ку­ва­ат Клин­гон­ци, а са­ми­те дла­бо­ко во се­бе зна­е­ме кои сме.

Ап­сурд­но­ста, на­вре­да­та со­др­жа­на во таа те­за е не­при­фат­ли­ва за кој би­ло здра­во­ра­зу­мен по­е­ди­нец. Жонг­ли­ра­ње­то со фра­зи, спи­ну­ва­ње­то со фа­кти­те до­стиг­на и ака­дем­ска по­твр­да со раз­но­раз­ни­те Пи-Ар шко­ли, кои ни се на­гр­наа на пле­ќи. Нам ни оста­ну­ва са­мо да одо­ле­е­ме.

Целиот разговор е објавен во 58. број на неделникот Република, кој од денеска (10.10.2013) е во продажба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top