| четврток, 6 декември 2018 |

Мартин Шулц доби поддршка од социјалистите и демократите за претседател на Европската комисија

martin schulzГрупата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент денеска сооопшти дека ја поддржува кандидатурата на претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц, за претседател на Европската комисија.
Во согласност со Лисабонскиот договор, следниот шеф на Европската комисија  ќе биде избран по изборите за Европарламентот што ќе се оддржат на крајот на мај следната година.
Според претседателот на Групата на социјалистите и демократите, Ханес Свобода, Шулц на актуелната функција покажал дека е лидер од светско ниво.
Шулц претходно осум години беше претседател на парламентарната група на еврпските социјалисти.
Во соопштението на Групата се нагласува дека за социјалистите главни предизвици денес се масовната невработеност меѓу младите и растечкиот јаз меѓу сиромашните и богатите во ЕУ. Меѓу нивните цели се и промени во сферите на заштитата на животната средина, економијата и финансиите.
Шулц е член на Европарламентот од 1994 година, а од јануари 2012 претседава со него. Претседателскиот мандат во Европскиот парламент трае 30 месеци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top