Грчкиот министер за морнарица Милтијадис Варвициотис соопшти дека неговата канцеларија во центарот на Атина била нападната од група маскирани мажи, кои ги полеале просториите со бензин и ги запалиле.
Полицијата го потврди инцидентот, што се случи доцна синоќа во централната атинска населба Колонаки, прецизирајќи дека огнот бил набрзо изгаснат и дека нема настрадани.
Варвициотис, кој е член на конзервативната партија Нова демократија, за приватната телевизија Скај изјави дека во нападот врз канцеларијата учествувале седум лица.
Владиниот портпарол Симос Кедикоглу го осуди нападот, изјавувајќи дека „оние кои се стремат кон терор и насилство, го имаат против себе целото општество“.
Засега никој не презеде одговорност за нападот. Во минатото слични напади вршеа припадници на анархистичките групи.
Вчера протестираа работниците од бродоградилиштето Скарамангас заради неисплатени плати над 18 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


