| четврток, 6 декември 2018 |

Иновативни бизниси и лидерски способности – теми на Глобалниот инвестициски самит

SamitНа денешната агенда на Вториот глобален инвестициски самит, кој се одржува во Охрид, се иновативни бизниси и развојот на лидерските способности и човечките ресурси.
Самитот учесниците го оценуваат како корисен настан кој носи позитивна енергија и оптимизам за подобрување на бизнис- климата во земјата. Нуди можности за пренесување на исксутвата од странските на локалните компании за нивните меѓусебни средби, како и можност за средба на владините претставници со инвеститори кои имаат интерес за правење бизнис во Македонија. На самитот се присутни повеќе од 350 учесници од 20 земји.
На отворањето на самитот вчера премиерот Никола Груевски им порача на присутните дека Македонија е земја со стабилна економија, има политичка атмосфера ориентирана кон НАТО и кон ЕУ. Земја која веројатно ќе беше членка на НАТО и веројатно ќе беше пред влезот во ЕУ доколку немаше попречување од една земја-членка затоа што Македонија ги исполни условите за членство уште во 2008 година, и за почеток на преговорите со ЕУ за полноправно членство во 2009 година.
mkd 2025Претседателот на Бордот на директори на „Македонија 2025“, Мајк Зафировски, посочи дека најважно за земјата е да има посилен економски развој.
– Сакам Македонија да успее, да видам мотивирани фирми кои ќе усвојат иновации, да видам странски директни инветиции – потенцира Зафировски обраќајќи се на отворањето на самитот.
За учесниците на Инвестицискиот самит синоќа во Охрид прием организираше претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Ова е Втор глобален инвестициски самит во организација на „Македонија 2025“. Првиот се одржа минатата година во октомври и очекуваат да стане традиционален.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top