| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на кариерата на Чилиќ?

Одлуката за жалбата на Марин Чилиќ пред Меѓународниот спортски суд ќе биде позната најдоцна за еден месец, но лошата вест е тоа што Меѓународната тениска федерација (ИТФ) бара да се донесе суспензија од две години од терените.

Поради позитивен допинг-тест, Чилиќ беше казнет со деветмесечна суспензија, која му истекува наредната година. Хрватскиот тенисер беше тестиран за време на турнирот на АТП во Минхен, по што му беше најдена забранета супстанција никетамид.

Иако независниот суд на ИТФ утврдил дека Чилиќ ја земал забранетата супстанција  ненамерно, како последица на земање таблети со глукоза, тој е строго казнет.

Чилиќ веднаш најави жалба, а својот случај ќе го изнесе и пред Меѓународниот спортски суд наредната среда во Лондон. Но, ИТФ поднесе барање до судот да му се зголеми казната и да биде суспендиран две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top