| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапиран премиерот на Либија

ali zeidan

Либискиот премиер АЛи Зеидан бил киднапиран од вооружена група, а потоа однесен на непозната локација, јави Би Би Си.

Зеидан бил киднапиран од хотел во главниот град Триполи. За сега не се познати ниту причините за киднапирањето. Неофицијално, има тврдења дека тој бил уапсен од полицијата, но според други тврдења бил киднапиран.

Во интервју за Би Би Си во понеделникот премиерот изјави дека неговата земја се злупотребува како база за извоз на оружје во регионот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top