| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Восочната фигура на Александар Велики – нов предизвик од Скопје

grcki vesnici

 

Грчки восочни фигури, на Александар Велики, Филип Втори, Аристотел и Јустинијан ќе бидат изложени во новиот музеј во Скопје, го пренесуваат грчките медиуми ексклузивното интервју во ВЕЧЕР со директорката на новиот Археолошки музеј Весела Честоева.

Некои од објавените текстови само го пренесуваат интервјуто, потенцирајќи во насловот дека грчки восочни фигури ќе бидат изложени во музеј во ФИРОМ”, додека, пак, други, со наслов „Нов предизвик од Скопје” коментираат како скопјаните продолжуваат да се сметаат за наследници на Александар Велики и Македонците, и обвинуваат што во новиот Археолошки музеј во Република Македонија ќе бидат изложени восочни фигури на личности од Античка Грција и Византија. Грчките медиуми очекуваат официјална Атина да реагира на пропагандата на ФИРОМ”.

“Катимерини”, “Та Неа”, “Прото Тема”, само посочуваат дека восочните фигури на овие историски личности се меѓу 15-те кои хронолошки според периодот во кој живееле ќе бидат изложени во новиот музеј, кој се очекува да ги отвори своите врати за јавноста до крајот на годинава. Весникот Катимеринии од интервјуто го издвојува фактот дека до крајот на годината од Археолошкиот музеј во Истанбул во скопскиот ќе биде донесена и копијата од саркофагот на Александар Велики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top