
Гледам дека нашиот политички противник, така се збори, чекал да паднеме на кондиција, па ќе не фателе на кондиција. Мислам дека долго ќе се изначекаат ако чекаат на кондиција да не фатат, порача вчера пред охриѓани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Груевски потенцираше дека има уште многу проблеми, но посочи дека многу од нив се решени, многу од нив унапредени, многу проекти завршени.
Од првиот ден до денеска, оваа влада, овие луѓе даваат се што е во нивна моќ и јас лично со нив, да го достигнеме тоа што сме го зацртале, тоа што сме го ветиле, да решиме што е можно повеќе проблеми. Со темпото со кое што започнавме, со тоа и продолживме и го зајакнавме, рече Груевски.
Премиерот потенцираше дека стапката на невработеност се уште е висока, но дека истата е намалена за 10 отсто во последните 7 години.
– Од вкупно 7 години како ја имаме оваа доверба добиено, пет години земјата ја водиме во период на две крупни кризи, едната светска криза од 2008 до 2010 и втората европска должничка криза. Во еден таков период, успеавме со сите наши напори да ја намалиме невработеноста од екстремно високите 38 отсто на се уште високите 28 отсто, ама за 10 отсто е намалена. Тоа не беше лесно, ние ќе продолжиме да работиме на тој план, ние не сме задоволни со тоа што го имаме, рече Груевски.
Обраќањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски можете да го погледнете тука:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


