| четврток, 6 декември 2018 |

Волгоград шест дена ќе се вика Сталинград

Општинските власти на Волгоград, по повод 70 годишнината од поразот на нацистите во битката за Сталинград, најголемата во втората светска војна, на советот на општината предложија градот шест дена во годината да го носи военото име

pg-34-stalingrad-1-getty
Во чест на големата победа во една од најголемите битки во историјата на војувањето, во која за 200 дена учествуваа повеќе од 2.5 милиони војници со околу 20 илјади топови, 2 илјади тенкови и 2 илјади авиони, општинските власти одлучија градот да го носи името Сталинград.
Волгоград ќе биде Сталинград за време на шест комеморативни дена, вклучувајќи го втори февруари кога нацистичките сили се прададоа на Црвената армија, и деветти мај, денот на победата.
-Одлуката беше донесена по бројните барања на учесниците во Втората светска војна. Советниците одлучија во име на хероите на Сталинград, Волгоград да биде нивниот симбол. Ова симболично име ќе можеме официјално да го користиме во нашите говори на масовните собири-истакна Сергеј Забеденов, член на градското собрание.
Дел од руските активисти се противат на оваа иницијатива, тврдејќи дека руското општество сеуште не се соочило со злосторствата на Сталин, посебно оние потчинетите за време на “чистката” во триедетите години на минатиот век. Други активисти пак, дури 50 илјади потпишаа  петиција која ја поднесоа до рускиот претседател Владимир Путин, со која бараат градот постојано да го носи името Сталинград.
Името Сталинград беше во употреба од 1925 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top