Русија ги спореди двата самоубиствени напада во Волгроград со нападите на екстремисти во САД, во Сирија и други држави и повика на меѓународна солидарност во борбата со тероризмот.
– Нема да отстапиме и ќе продолжиме со постојаната борба против непријателот кој може да биде победен само со заеднички напори, се наведува во соопштение од руското Министерство за надворешни работи.
Министерството не посочува група одговорна за нападите, но наведува дека тие се извршени во момент на закани од екстремисти како Доку Умаров лидер на исламските бунтовници во Северен Кавказ, кој повика негови симпатизери да го спречат Зимските олимписки гри во Сочи во февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.