| четврток, 6 декември 2018 |

Шиповиќ осомничен поради одлевање пари од сметката на „Машинопромет“

miroslav sipovic

И покрај претстечајната постапка на фирмата „Машино промет“ и забраната за располагање со средства, истите се одлевале од сметката на компанијата во периодот од 2008-ма до 2011-та година, објави Курир.

МВР пак закажа прес конференција за утре.

Во злоупотребата на службената положба и овластувањата , дел од акционерите и Буџетот на Македонија се оштетени за околу еден милион евра.

Првоосомничениот, Мирослав Шиповиќ, кој фигурирал како претседател на Управен одбор на фирмата, не е достапен на полицијата, а уапсени се десетина лица, меѓу кои братот на Шиповиќ, членови на УО, НО, сопственици на приватни фирми, но и службеници во УЈП. меѓу кои братот на Шиповиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top