Албанската полиција уапси две лица, осомничени за кражба и шверц на икони и други вредни предмети.
Арбен Спахо (42), по потекло од Подградец, и Ѓерѓи Тими (51), по потекло од Корча, и двајцата жители на Тирана, се уапсени откако при контрола на три стана во Камза, Тирана и Батор биле открини 100 икони.
И двајцата и претходно ѝ биле познати на полицијата за кражби на икони и други вредни предмети.
– Акцијата спроведена во трите града откри база каде што биле чувани украдени вредни предмети, главно икони, кои потоа требало да бидат продавани во Грција, Србија, Хрватска и Италија – соопшти полицијата.
Дали меѓу овие икони има и од оние кои се украдени низ црквите во Македонија, треба да потврди истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје