Порталот „Охриѓани.мк“ објави информација според која новиот автопатот Кичево – Охрид ќе има и тунел под Пресека, ама и посебен тунел наменет за сите скопјани кој идeт накај Охрид!
– Овај специјален тунел за сите коли со скопски таблички ги насочвит колите преку специјален и подолг тунел назад за Кичево. Ако некој со скопски таблички пробвит илегално да влезит во „обичниот“ тунел, ќе му се спуштит автоматска рампа и ќе добие казна од 50 евра!
Со овај нов тунел се очекуват во Охрид да се вратит мирот, да се вратит позитивната енергија меѓу народот, да немат појќе негативни коментари на интернет за Охрид и да имат појќе странски гости!
Ние како Охриѓани.мк ја подржуваме ова одлука!, велат од „Охриѓани.мк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.