
Мобилен телефон, сопственост на Рухи Бакиу (50), професор на Tетовскиот универзитет и поранешен член на Регулаторната комисија, бил пронајден крај изгорениот труп во опожарениот хотел „Д Хаус“ (поранешен „Гранит“) на Попова Шапка, неофицијално потврдуваат од полицијата.
Ова го навело порталот на албански јазик „Шипмедија“ да тврди дека изгорениот е токму Рухи Бакиу.
„Република“ контактираше со Институтот за судска медицина, каде што е однесен изгорениот труп. Професорот Алексеј Дума, директор на овој Институт, изјави дека сѐ уште не е утврден идентитетот на починатиот, но и дека таа инфомација ќе биде доставена исклучиво на истражниот судија од Основниот суд во Тетово, кој ја води истрагата за пожарот.
Неодамна Бакиу во изјава за медиумитe се пожалил дека имал многу притисоци и дека сообраќајната несреќа во која тој бил полесно повреден, всушност, била атентат врз него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


