Од утре до 12 октомври, во Универзална сала – Скопје, ќе се одржи второто издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“ под мотото „ПОГЛЕДНИ ПОДАЛЕКУ“.
Свеченото отворање ќе биде одбележано со презентација на првата македонска компјутерска игра „Освојувањата на Александар Велики“, дело на графичкиот дизајнер и аниматор Елена Попова, програмерот Сандра Николовска, а музиката е дело на Дуња Иванова.
-Проект – платформата „Скопје креатива“ постои како иницијатива чија цел е едукација, промоција и создавање, конкретни производи и услуги. Играта е првиот производ на нашата платформа „Скопје креатива“. За оваа цел беше нашата платформа распиша конкурс за избор на најдобро идејно решение за создавање компјутерска игра, која ќе промовира македонски културни и историски вредности. Добивме понуди за изработка на компјутерска игра за Крали Марко, за Итар Пејо и за Александар Велики. Се одлучивме за оваа игра, затоа што истата промовира универзални вредности и пораки, изјави Миодраг Костиќ, директор на проект-платформата „Скопје креатива“.
Една од авторките на играта Сандра Николовска, потенцираше дека „Освојувањата на Александар Велики е изработена во флеш верзија и содржи 40 различни нивоа. Пред секое ниво, има текст во кој се објаснува животот и делото на најголемиот светски освојувач.
-Играта има забавно – едукативен карактер и е наменета за најразлична публика, изјави Сандра Николовска.
Од истата идеја за играта, проек-платформата „Скопје креатива“, ќе разивива и т.н. боард игра позната по примерите на „Монопол“ или „Ризик“, но и андроид верзија и верзија за други конзоли.
Фестивалската програма, која почнува од утре нуди ексклузивни и уникатни скопски дизајни. За прв пат само на „Скопје креатива“, ќе биде презентиран најновиот дизајн „Замрзнувачко шише“, иновација на Зоран Мијаков од Фригомонт, дизајн на огледала од вулкански масиви во изведба на компанијата „Гоговски“, уникатни парчиња дизајнерски мебел на две македонски компании „Смарт ливинг“ и креативното студио „БТС Арт фактори“, нови дизајни на „Велосипеди по мерка“ на компанијата „Драгон Кастм“ како и креативни производи на уметникот Зоран Тошевски и скулпторот Александар Ефтимовски. Во рамките на СКОПЈЕ КРЕАТИВА-ЕКСПО , студенти од Архитектонскиот факултет, создаваат уникатен дизајн на познатата фонтана пред Универзална сала, насловен како „Метаморфози“, а го претставува домувањето во нашата метропола во различните периоди на живеење.
Покрај нив, фестивалот ќе одржи и бројни креативни работилници и тоа за: анимиран филм, рециклиран дизајн, сликарство, работилница за млади диџеи, скејт работилница, како и работилница за дизајн на велосипеди, а во рамките на фестивалот ќе се изработува и нов македонски кириличен фонд, како дел од работилницата за типографија.
Сите работилници во трите дена ќе создаваат производи, конкурентни на пазарот и истите ќе бидат презентирани на 12 октомври во 22 часот.
Последниот фестивалски ден, 12 октомври е резервиран за БАЗАРОТ, во соработка со МАТА, на кој ќе настапат македонски креативци-индивидуалци кои ќе презентираат рачно изработени дизајнирани уникати кои македонската публика ќе може да ги консумира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Британски „Телеграф“: Александар Велики не бил Грк, туку Македонец!
-
Ралф Ѓони, ПР и комуникации за брендирање на градови: Да се брендира град значи да се креира атрактивна приказна
-
МКЦ објавува конкурс за работилници за филмска и театарска критика
-
(Фото) Невеста полета од аеродромот „Александар Велики“