| четврток, 6 декември 2018 |

Надал користел „крвен допинг“

Надал 1

 

Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал повеќе пати користел „крвен допинг“, а британските медиуми се обиделе да ја одгонетнат тајната на ПРП терапијата, која била забранета во 2010 година, а повторно е легализирана од 2011 година.

Во медиумите во Британија се објавени неколку интервјуа со медицински научници во потрага по одговор дали „крвниот допинг“ навистина одиграл клучна улога во едно од најголемите враќања во историјата на спортот.

– Ќе ви извадат крв, ќе ги земат најдобрите клетки и ќе ја вбризгаат во повреденото место. На тој начин многу брзо закрепнувате – објаснува тенисерот Фернандо Вердаско.

Светската антидопинг-агенција го забрани ПРП во 2010 година поради страв дека може да предизвика слични ефекти како и трансфузијата. Повторно е легализирана во 2011 година откако е докажано дека станува збор за релативно мали количини крв.

Сепак, многу лекари предупредуваат дека за време на првиот ден од земањето на терапијата нивото на хормони драматично се зголемува и се случуваат промени во телото кои имаат слични ефекти како кај стимулативните средства.

Темата за користење на „крвниот допинг“ ќе биде повторно актуализирана на  конференцијата на Светската антидопинг-агенција што следната недела ќе се одржи во Јоханесбург. Сепак, Надал нема причина да се грижи затоа што во периодот кога го користел бил легален.

– Ја користев таа терапија и доста ми помогна, но не и последниот пат. И понатаму чувствувам последици од повредите, и покрај тоа што болката не ми ги ограничува движењата, а тоа е најважно – изјавил Надал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top