Британскиот весник Дејли Меил пишува дека дел од земјите на арапскиот полуостров ќе започнат со прегледи на одредени делови на телото со цел откривање на хомосексуалци меѓу гостите.
Шест држави од Персискиот залив – Бахреин, Кувајт, Катар, Оман, Саудиска Арабија и ОАЕ ќе воведат медицински тестови за откривање хомосексуалци. Тие нема да дозволат нивно присуство на териториите на државите, објави Дејли меил.
Според кувајтскиот шеф во одделот за јавно здравје во Министерството за здравство Јусуф Миндкар властите ги зајакнуваат мерките со недозволување на присуство на мажи со хомосексуална ориентација на нивна територија. Toj додава дека тие држави спроведуваат редовни прегледи на имигрантите кога пристигнуваат на нивна територија, но сега ќе бидат превземени построги мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


