
Неидентификуван човечки труп е пронајден во опожарениот хотел „Гранит“ на Попова Шапка – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Тој во изјава за МИА вели дека трупот е пронајден при увидот во внатрешноста на објектот, а идентитетот сѐ уште не е познат.
На самото место веднаш се упатиле екипа на СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител да извршат увид, додека полицајци од полициското одделение го обезбедуваат местото.
Пожарот избувнал денеска околу пладне најпрво во ресторанскиот дел за потоа да се прошири и да го зафати целиот хотел вклучувајќи ја и покривната конструкција. Во гасењето учествувале три противпожарни возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


