| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто велиме баш циганско лето?

Во нашите краишта, честопати по правата појава на есенскиот мраз се појавува топлотен бран кој носи температура, повисока од просечната за тој дел од годината. Убавото и суво време, речиси без ветер и неретко проследено и со слаба утринска магла, може да трае од неколку дена, па сѐ до 2-3 недели.

Овој период кај македонскиот народ е познат под фразата „циганско лето“ или „ѓупско лето“.  Постои верување дека овој период го добил името според аргатите кои ја береле пченката по полињата.

Истата појава има повеќе називи во северната хемисфера и е врзана за различни датуми, а повеќе за тоа пишува во специјализираната интернет страница за временска прогноза, Метеопро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top