| четврток, 6 декември 2018 |

КК „Работнички“ должи 4.800 евра за вода

Kup na Makedonija...Golema pobeda na vtoroligasot Apave. Ovoj pat Rabotnicki podklekna.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопшти дека кошаркарскиот клуб „Работнички“ денеска е исклучен од водоснабдителниот систем поради неплатени сметки во висина од 290.513 денари за период од 2009 до 2013 година.
„На 18.09.2013 година уредно им е доставена Опомена пред исклучување во која им беше нагласено дека доколку не го платат долгот односно не склучат договор за отплата на рати, согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување урбани отпадни води, на 26 септември 2013 година ќе им биде прекинато водоснабдувањето“, пишува во известувањето од ЈП „Водовод и канализација“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top