
Вчеравечер ( 07.10.) околу 21 часот, на регионалниот пат Тетово-Пирок, во село Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко возило „Фиат ланчија“ со гостиварски регистерски таблици, што го управувал 39-годишниот Ј.И од село Камењане, а во кој како сопатник се наоѓал и 25-годишниот П.Ѓ од Дебар.
При целосен преглед на возилото, во гепекот пронајдена е конопeна бела вреќа, во која имало пет поголеми пакувања со непозната тревкаста материја, најверојатно марихуана, обвиткани со прозирна селотејп лента. Непознатата материја со вкупна тежина од околу пет килограми одземена e за вештачење, како и другите траги кои се подигнати во возилото, додека возачот и сопатникот се приведени се во СВР Тетово.
Извршен е увид во кој учествувале и истражен судија и јавен обвинител, а по наредба на истражниот судија возилото е времено одземено и кримтехнички ќе се обработува. Се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости на случајот по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


