„Златна зора“ формирала цела мрежа соработници и привзраници во Грција и дури располагала со свои луѓе во 35 полициски управи низ земјата, јавува МИА пренесувајќи ги написите во медиумите.
Полициските станици буквално биле претворени во „змиски гнезда“, пишува весникот „Етнос“ со коментар дека „карциномот“ на Златна зора стигнал дури до полицијата.
Во врска со овие откритија властите привеле десет полицајци.
Се тврди дека претставници на органите на редот покажале трпеливост и прикривале незаконски дејанија, извршувани од неонацистите на Златна зора низ цела земја.
Констатирани се над 80 случаи на расистичко насилство, во кои се замешани и полицајци.
Повеќето од случаите за врски на полицајци со активисти на партијата се регистрирани во полициски станици во областа Атика и посебно во центарот на грчката престолнина. Властите истражуваат и други вакви случаи.
Лидерот на Златна зора беше уапсен заедно со други членови на партијата, како дел од напорите на владата за справување со неонацистичката партија, откако нејзин активист уби рапер со антифашистички погледи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје