| четврток, 6 декември 2018 |

Претприемаштвото и предизвиците за бизнис

SamitРаботилница за претприемништво организирана во рамките на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија, на која се пријавени 150 млади професионалци, претиприемачи, менаџери и извршни директори, ќе се одржи денеска во Скопје.
Воведни обраќања на собирот ќе имаат  претседавачот на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија 2013 и член на Одборот на директори на Македонија 2025, Зоран Мартиновски и претседателот на Одборот на Директори на Македонија 2025, Мајк Зафировски.
Учесниците на работилницата ќе дебатираат на темите: „Кои се карактеристиките кои придонесуваат да еден глобален претприемач биде успешен?“, „Како растат ИТ компаниите на светско ниво?“, „Иновативни операции на Светската Банка за развој на претприемачки вештини во мобилниот интернет бизнис?“, „Критериуми за аплицирање за новиот македонски стартап фонд“, „Алатки за изработка на успешен бизнис план!“ и „Што прави Македонија за да стимулира иновација и претприемништво?“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top