| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе изгледа новата филхармонија? (ФОТО)

По по банкротот на австриската градежна компанија „Алпине Бау“, задолжена за изградбата на овој проект, Министерството за култура објави тендер за довршување на објектот „Македонска филхармонија“ во центарот на Скопје. На зданието што остана недовршено треба да се изведат градежни и градежно – занаетчиски работи, поточно затворената карабина на градбата.

Makedonska Filharmonija vz0204

 

Во тендерската документација е предвидено периодот за завршување активностите да изнесува осум месеци. Градежните компании што планираат да учествуваат на тендерот треба да го исполнат критериумот за остварен вкупен приход од минимум 10 милиони евра во последните три години. Истите треба да ги достават своите понуди најдоцна до 19 ноември.

Според објавените податоци во отчетот на Министерството за култура, во објектот „Македонска филхармонија“ досега се инвестирани 7.410.000 евра. „Алпине Бау“ за оваа сума успеа да ја заврши карабинатата, без целосна реализација на покривната конструкција. Изградбата на зданието за оваа културна институција веќе трае повеќе од четири и пол години – градежните работи започнаа во март 2009 година. Идејното решение за објектот на Филхармонијата го изработи архитектот Виктор Михајлов, додека основниот и главниот проект е дело на проектантското биро „Македонија проект“ од Скопје.

Извор:Скопјеинфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top