Поранешниот министер за одбрана Акис Цохадзопулос е осуден на 20 години затвор поради поткупи и перење на незаконски стекнатите пари.
Станува збор за најстрогата казна за вакво кривично дело. Другите обвинети во ситиот случај добиле затворски казни во траење меѓу шест и 16 години. Сопругата на Цохадзопулос, Вики Стамати е осудена на 12 години, додека братучедот на поранешниот грчки министер за одбрана, Никос Зигос доби шестгодишна затворска казна. Тој единствен од сите обвинети ја призна вината, а неговото искрено каење пред судот беше земено како олеснителна околност.
Според истрагата, Цохадзопулос и другите обвинети незаконски се стекнале со „најмалку” 55 милиони евра (тогашни 18 милијарди драхми) за склучување договори за набавка на противвоздушни систем и подморници во периодот од 1997 до 2001 година.
Цохадзопулос, претходно во април 2013 година, беше осуден на осум години затвор за поднесување лажна даночна пријава, поради што му беше конфискувана резиденцијата во подножјето на Акропол, а неговите банкарски сметки беа замрзнати. Овој грчки политичар, кој во 1996 година претендираше и на премиерската функција, целосно ги отфрла обвиненијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција