| четврток, 6 декември 2018 |

Денес дел од Центар останува без вода

Поради дефект на приклучна водоводна цевка, денеска од 9.30 часот без вода ќе останат жителите лоцирани на потегот меѓу булеварот „Св. Климент Охридски“ и улицата „Аминта Трети“( бивша „Ленинова“) во Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Корисниците ќе бидат без вода сѐ до завршување на интервенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top