Градежниот шут секој го исфрла каде ќе стигне. Охридските комунални радари викендов на дело го фатиле лицето со иницијали А.Б. како во непосредна близина пред депонијата „Мауцхер“ нелегално фрла градежен шут.
Инспекторите, кои по налог на градоначалникот Никола Бакрачески, 24 часа дежураат на терен, постапиле во согласност со Законот за јавна чистота. На лицето А.Б. му е изречена соодветна парична казна кое е должно да ја плати во рок од 8 дена, во спротивно за него ќе следи прекршочна пријава. Казната за физички лица е до 150 евра, а за правните 3.000 евра.
Од Општината велат дека зачудува фактот зошто охриѓани одлучуваат да го фрлат отпадот пред влезот на депонијата „Мауцхер“, а не во неа, кога паричниот износ за истовар на шутот во неа не е повисок од 100 денари.
Фото:ohrid.gov.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.