Неосновани и неточни се сите обвинувања за наводно запирање на работата на Државната изборна комисија од страна на претседателот Борис Кондарко, се вели во соопштението од Државната изборна комисија, по прозивката од премиерот Никола Груевски, во врска со прочистувањето на избирачкиот список, на што реагираше и СДСМ.
„Да потсетам, од 2012 година во континуитет функционира Работната група за проверка на избирачкиот список, формирана од Управувачкиот комитет на високо ниво при Секретаријатот за Европски прашања на Владата на Република Македонија. Со оваа група претседава членот на ДИК, Бедредин Ибраими, а во нејзината работа учествуваат претставници на министерствата за внатрешни и на надворешни работи, за правда, Државниот завод за статистика, Комисијата за заштита на лични податоци, МОСТ, ОБСЕ, Амбасадата на САД и ДЕУ. Работната група секогаш заседава јавно, пред медиумите.
Конкретно, во моментов од страна на ОБСЕ-ОДИХР, по претходно склучен Меморандум за соработка со ДИК, се ангажирани нивни експерти кои ќе дадат свои анализи и препораки во врска со избирачкиот список.
Во услови кога мнозинството членови во ДИК го имаат партиите од власта, апсурдно е да се тврди дека претседателот на ДИК има каква било можност да ја попречува работата на овој колективен орган, ниту пак може самиот претседател да донесува одлуки, да го надласува мнозинството или да спречува нивни иницијативи“, се вели во соопштението од ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?


