
Доколку ВМРО-ДПМНЕ е навистина заинтересирана за прочистување на избирачкиот список, тоа може да го направи многу едноставно. Нека им даде задолжение на членовите на ДИК од нивните редови да не ги опструираат и да ги поддржат сите активности на ДИК за прочистување на избирачкиот список – реагираше СДСМ на изјавата на премиерот Никола Груевски со која го повика Заев да му даде налог на Кондарко да го прочисти списокот.
Понатаму додаваат:
„Дополнително, укажуваме дека за избирачкиот список вистинската адреса е МВР, коешто го подготвува списокот и го праќа до ДИК. Токму МВР на криминален начин запиша фантомски гласачи, со цел ВМРО-ДПМНЕ да манипулира со изборите.
Што се однесува до измените во изборното законoдавство, што ВМРО-ДПМНЕ и Груевски го премолчуваат, тие веднаш можат, преку Министерството за правда, да ги предложат измените што се препорака од ОБСЕ и од ОДИХР. Примената на препораките на ОБСЕ и ОДИХР за измени во изборниот законик, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ веќе со години ја избегнуваат. Немањето волја за нивна имплементација од страна на Груевски, фрла сенка врз неговите искрени намери за фер и демократски избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


