Месут Озил е новиот миленик на навивачите на Арсенал, а во северниот дел од Лондон владее вистинска oзилманија. Дресот со број 11 се продава како алва, но интересен податок објавија шпанските медиуми. Истото се случува и кај навивачите на Реал Мадрид, кои не го заборавија Озил иако тој си замина од таборот на „кралевите“.
„Навивачите на Реал и натаму го купуваат дресот на Озил и разноразни амблеми со неговиот лик. Тие почитуваат големи фудбалски имиња, а Месут е екстра-играч“, пишува новинарот на „Дејли мејл“ во репортажата од Мадрид.
Озил летово си замина од „Сантјаго Бернабеу“, а Арсенал му плати на Реал сума од 50 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)



